Зачувајте ја топлината во Вашиот дом
Полека пристигнува зимата, луѓето се спремаат за грејната сезона. Тоа можете да го осетите не само по ладното време што полека пристигнува, туку и по звукот на моторната пила што го сече огревното дрво. Но, покрај тоа што се одлучувате со што ќе го догревате вашиот дом во зимската сезона, размислете што можете да направите за да ги намалите топлотните загуби во вашиот дом. Најефикасниот начин на намалувањето на топлотните загуби е замена на дограмата. Она што ги плаши луѓето е што овој вид на интервенција е истовремено и скапа инвестиција. Од друга страна, со инсталирањето на квалитетна дограма ќе ги намалите топлотните загуби и до 30%, што морате да признаете не е мала работа.
Една од главните дилеми, кога купувате нова дограма е каков вид на дограма да пазариме – ПВЦ или алуминиумска дограма?